„Вујовиќ го гледав како татковска фигура“

„Вујовиќ го гледав како татковска фигура“

Поранешниот вардарот стратег Веселин Вујовиќ има влијание на многумина македонски ракометари, а меѓу нив е и Дејан Пецаковски на кој му беше тренер во периодот кога го носеше „црвено-црниот“ дрес.

Исто така Вујовиќ беше и селектор на младинската репрезентација во време кога Пецаковски беше капитен и заедно имаат настап на големот натпреварување Светското првенство во 2007 кое се организираше во Македонија.

„Веселин Вујовиќ имал најголемо влијание, прво бидејќи е човек, и најмногу него го чувствував како татковска фигура. Сега сфаќам дека имам сличен карактер со него. Она што тој некогаш го презентира, таа ’улична школа’ за да допре до играчот, до екипата, тие моменти во соблекувална кога те мотивира пред натпревар, некогаш имав чувство како да одиме на тепање (се смее) да добиеш што се вели ’крв во очите’. Таквиот пристап многу ми се допаѓаше. Во времето кога играв беше тешко да покажеш каков ’мангуп’ си во игра затоа што имаше огромна разлика меѓу млади и стари играчи. Не само во иста екипа, туку и од противничката. Кога требаше да играме против некој, на пример Мојсо – ако сте противници, ќе го штедиш. Ќе те погледне еднаш попреку и ќе ја кренеш рачната, постоеше стравопочит кон поискусните играчи тогаш. Генерално беше така кај младите во тоа време, а кај мене може и особено изразено. Сега тоа го нема, ако е поподготвен од тебе ќе те ’убие’, ќе премине преку тебе, сега нема почит.“

Комплетното интервју со Пецаковски може да го прочитате подолу…

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН ПЕЦАКОВСКИ: Повредите ми ја обележаа кариерата, никогаш не дознав кој ми е максимумот!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...