За победа не се доволни само 30 минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Уште еднаш Бутел покажа дека новиот тим со кој ќе настапува сезонава има сили да игра со секого, но останува да се подобри, и да се издржат сите 60 минути. Само со едно полувреме, и со 30 минути не може да се постигне успех. Турнирот во Охрид, за скопјани е можност да се воиграат сите позиции, да им се даде шанса на помладите кои сеознава влегуваат во „сениорски води“.
Натпреварот меѓу Бутел и Татран му припадна на словачкиот тим, кој победи со 32-25 и победникот го одлучи финишот на првиот и средната на вториот дел. Во првиот дел Татран се врати од негатива од шест голови, а во средината на второто успеа да го скрши отпорот на скопскиот суперлигаш и да го одведе натпреварот во своја полза.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ