За стратегијата на комунистичките и трансформираните социјалдемократски партии – Denesen.mk

За стратегијата на комунистичките и трансформираните социјалдемократски партии – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска, на своето инаугурално обраќање им се обрати на „партиите од лево и од десно“. Дали имаше придадено значење, не беше јасно, но можеше да биде сфатено и онака како што и првобитно партиите, според седењето во парламентите го сфаќале, на левата или на десната страна. Покасно, во комунистичкиот период партиите биле означувани како десни и леви со оглед на тоа дали го протежираат или се против капитал односот. Оттаму произлегува нивното идеолошко окарактеризирање.

Токму идеолошката утапавеност беше причината комунистичките партии во западните општества да бидат причината за непостигнување соодветна стратегија во развиените капиталистички земји за сопствена валоризација за постигнување општествена позиција. Стануваше збор за идеологизирани апаратчиски партии кои со својот бирократизиран пристап ја немаа вистинската релација со стварноста. На тој начин опстојувајќи на фазата на индустријализација како несоодветна современа фаза за напредокот.

Истоветна е судбината поврзана со СКЈ која не создаде стратегија за продор на модерните сили за производство и соодветна општествена организација. И што беше вистинската причина за распад на СФРЈ.

Денес, во Македонија, неуспехот на Социјадемократската партија (трансформираната комунистичка партија СКМ) исто така вистински може да се сподели со фактот за немањето на релевантна стратегија, со оглед на модерната организација како би се постигнал развојот на Македонија. Новите протежеа за идеологизирање на партијата, наместо токму да се дистанцираат од пресвртениот поглед каков што е идеолошкиот, одново ја туркаат партијата на старите политички бесперспективни патеки. Пледирањето на идеолошкиот пристап би значело, денес, многу од прашањата во општествениот развој на Македонија да се остават настрана при развојот на економијата, општествената организација и кутурата.

Она што треба да се почитува е релевантноста дека идеологијата е стеснет и од аспект на остварување на интересите на една општествена група, приод.

Јасно беше и досега дека партијата иако социјалдемократска, не ја споделуваше социјалдемократската платформа за богато општество, од една, и, од друга страна, за социјално општество. Како што беше начинот на кој беше извршена приватизцијата на општествениот капитал кога околу 200.000 луѓе останаа без вработување и поради што трајно трпат последици.

Имајќи го предвид притоа занемарувањето на македонското национално прашање како некарактеристично за „левиот“ блок.

Поуките кои ќе ги извлечеме се следните.

Имено, не идеолошки пристап, туку за да се оствари перспективата на развојот, во современието во мисловниот пристап кон стварноста постои апстрактно (филозофско) теретско категоријално ниво спрема што мора да постои интерес за познавање и прифаќање. Но и од кое потоа, на реално категоријално ниво, во форма на наука, критички се преоценува стварноста за да се согледа она што би можело да биде остварено, а не е учинето. За, на крајот, во форма на организационо ниво, на политиката и економијата, се оствари во стварноста.

Во нашето општество несоодветно се пројавува потребата од теоретско познавање во повисоките категоријални нивоа. Дебатата се сведува затоа на политичка реторика или на правни решенија. А јасно е дека подвижување на политичко па и правно ниво нема без познавање на повисоките мисловни сознанија. Дотолку повеќе што модерниот развој на општествата се заснива при секој пристап кон стварноста токму, не идеологијата, туку знаењето.

 

 




Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ