„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата кариера не влегол во конфликт со противнички играч или, пак, со навивачи. Спортската психологија е нешто за што многу чита, особено поради фактот дека од прва рака може да ги види сите ситуации, акции и реакции. Сепак за себе вели дека не паѓа на провокации.

„Не паѓам на провокации, некогаш и ги прифаќам низ шала и смеа. Мислам дека е многу поубаво така ако си ги сфатиш. Никогаш не сум имал проблем ни со противнички играчи, ни со публика, но морам да признаам дека е многу забавно кога играме во Битола. Со довикувања, со провокации, што од една страна е за поздрав, затоа што улогата на вистинските навивачи е токму таа, да ти го одвлечат вниманието, да те дефокусираат и за мене тоа е нормално. Некогаш знае да биде и претерано.“

Подолу може да го погледнете целосното интервју со Томовски.

ИНТЕРВЈУ МАРТИН ТОМОВСКИ: Пораснав во Металург и Вардар, време е за интернационален пробив!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...