Зачувување на матични клетки за подобра иднина за вас и вашите деца


Што се матични клетки и зошто треба да ги зачуваме?

Во неизвесноста што ни ја носи иднината и во време кога сме опкружени со многу стрес и неретко сме принудени да водиме нездрав начин на живот, мораме да бидеме внимателни и да се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашето семејство. Сигурно сте слушнале за лечење на одредени крвни заболувања (анемиски леукемиски и лимфатични заболувања) – со помош на пресадување на коскена срцевина. Со помош на модерната технологија и со големиот напредок на медицината, ваквите постапки стануваат сѐ подостапни за сите.

Но што е со матичните клетки кои се колектираат од папочната врвка и плацентата? Помалку е познато – барем кај нас – дека зачуваните матични клетки од папочната врвка можат да ни понудат голем степен на здравствена сигурност. Тие ќе ви бидат достапни и ќе ви помогнат кога најмногу ќе ви бидат потребни.

Една од најпознатите лаборатории за криопрезервација во нашата држава е БиоСтем Биохеленика чија цел е да ви помогне да го зачувате здравјето на вашето дете и семејство. Тоа го постигнува преку криопрезервација на важен биолошки материјал, односно со и диференцирање, размножување и зачувување на матичните клетки.

Но што точно се матичните клетки и зошто е потребно нивното криопрезервирање?

Матичните клетки се, ни помалку ни повеќе, туку основната организациона единка во еволутивниот развиток на човековиот организам. Од нив, безмалку, почнува сѐ, но приказната не завршува тука. Со нивно зачувување и криопрезервирање ја обезбедуваме не само иднината на нашите деца, туку претставува и иден потенцијален бенефит за нашето пошироко семејство.

Листата на заболувања при кои матичните клетки докажано помагаат е огромна. Како најчести би ги издвоиле: различните видови анемии, акутната и хронична леукемија, мускулни дистрофии, дијабет тип 1, клеточни нарушувања, имунолошки недостатоци итн; исто така, забележани се огромни здравствени придобивки кај лица со церебрална парализа и аутизам.

Да се навратиме кон Биостем, тие се ексклузивен претставник во Македонија и ќерка фирма на Биохеленика, банка за изолирање и криопрезервација на биолошки материјал. Банката Биохеленика е основана уште во 2006 година во Р.Грција со свои простории во Солун и Атина: почнува како најголема банка за чување на матични клетки во Р.Грција.

БиоСтем има официјална соработка со сите стоматолошки ординации, болници и родилишта, исто така е сертифицирана од Американската асоцијација на банки за крв (American Association of Blood Banks – ABBA) која му овозможува на семејството, кое соработува со Биостем, да ги користи матичните клетки во целиот свет и дополнително се сертифицирани од Националниот систем на акредитација (National Accreditation System) за сите испитувањa што се вршат на мајката и на детето согласно со европската директива EU Commission Directive 2006/17/EC..

Професионалниот тим на сите идни родители и родители со мали деца им ја нуди услугата за криопрезервација на матични клетки од папочна врвка и млечни заби 24 часа, 7 дена во неделата. Едноставно, БиоСтем Биохеленика се секогаш тука за вас и вашето семејство.

Користењето на матичните клетки како „сигурносна мрежа“ за здрава иднина е дефинитивно многу важна тема и услуга за која секој родител треба да знае.

Текстот е објавен во соработка со БиоСтем Биохеленика

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...