Зарем ниту еден пратеник од СДСМ не ги виде анкетите за „францускиот предлог“?

Власта често настојува да бидат реализирани барањата и уцените на други држави, независно од тоа што граѓаните на Македонија опоменуваат дека тоа е штетно за земјата и македонскиот народ. Примери за тоа има многу, сега најактуелен е „францускиот предлог“ и неговата реализација.

Неодамнешната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје покажа дека мнозинство од граѓани, дури 55,7 отсто се против преговарачката рамка која Владата ја договори со ЕУ и сметаат дека со тоа земјава се става во потчинета положба. Кога, пак, се работи за изјаснувањето во рамките на македонскиот етникум, резултатите се уште повпечатливи: 70 процените од Македонците се против „францускиот предлог“ додека го поддржуваат само 13,2 отсто.

Го гледаат и слушаат ли ова од власта?

Слично беше и на минатогодишната јулска анкета на иста тема кога дури  72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкета одговориле –НЕ за предлогот. Значи, и по десет месеци граѓаните не го менуваат ставот и мислењето за предлогот врз основа на кој сега се бара промена на нашиот Устав, по што се очекуваат уште многу нови барања и ултиматуми.

Во Владата се чини никој не е вознемирен или подзамислен од ваквите ставови на населението во Македонија. Граѓаните се сериозно загрижени, ама…

Но, што е со пратениците од владеачката СДСМ? И тие ли се рамнодушни иако се избрани токму од граѓаните? Зарем е можно ниту еден пратеник да не покаже малку поголем сенс кон она што го мислат дури и негови бирачи, негови раднини, пријатели, сограѓани…?

Зарем мислењето на политичката врхушка им е поважна? Ќе се продолжи ли со игнорирањето на она што народот го мисли, односно, ќе продолжат во стилот на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој во март годинава на свој начин објасни зошто не треба да се слуша народот и да се почитува неговата волја.

-Во 2001 година, ние уште ќе немавме Охридски рамковен договор. Ако ги погледнете анкетите, при носењето на Преспанскиот договор, па ние уште немаше да бидеме членка на НАТО. Ако ги погледнете анкетите при носењето од страна на Собранието на заклучоците за европскиот предлог и отпочнување на преговорите и скрининг процесот, па ние уште ќе немавме отпочнато скрининг процес. Исто е и сега. Лидерството е да донесете одлука за иднината на сегашните и идните генерации, а не да се криете зад народот!, рече тогаш Ковачевски.

Пратеникот е на потег. А пратеникот нели е пратен од народот во парламентот?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се полни касата на РФМ: Парични казни за Охрид, Тиквеш, Прилеп, Младост Богданци…

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација имаше полни раце...

ИНТЕРВЈУ СИМЕ СИМОВСКИ: Сакам со Ѓорче Петров нешто да докажам и на себе и на другите!

Три децении на македонската ракометна сцена гравитира...

Шведскиот селектор не размислува за Македонија: Има два јасни фаворити во групата

Покрај домаќинот Унгарија и дебитантот Турција, ривал на...