Заврши сезоната – за сите клупски неуспеси виновна е федерацијата! – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==============================================================

Заврши сезоната во македонската Прва лига. И, нормално, како што е обичај кај нас, за сите клупски неуспеси – виновна е федерацијата! И за катастрофалната инфраструктура во нивните клупски средини на која не сакаат да потрошат ниту евро, и за очајните терени на кои „нозе кршат“ нивните фудбалери, и за смешните потпросечни странци кои се носат на сметка на нивните млади домашни играчи, и за промашените тренери, и за секој погрешно потрошен денар – виновна е федерацијата. Па, потоа судиите и не ретко и медиумите… Сите, освен клубовите!

Па, така е сега и со Шкупи. Не чекаа од Шкупи ниту еден час откако ги загубија парите од Европа со една „длабока анализа“ да оценат дека виновници за нивната промашена сезона се ФФМ и првиот човек Сејдини. Револтирани поради фактот дека ќе останат без планираните финансии од европски излез, веднаш го пронајдоа виновникот. И тоа онака со една проста прозивка, чисто паушално, без образложение, без аргументи, без факти. Но, всушност, на кого во оваа држава му се и потребни факти кога е важно само да се оправда сопствениот неуспех!? Го насочуваш прстот кон другиот – и решен е проблемот! Затоа и ќе тапкаме во место уште долго – се додека оние кои треба да бидат генератор на македонскиот фудбал не одлучат да си погледнат во лице!

А, до тогаш, ќе живееме сезони како оваа. Со потпросечен фудбал во кој ќе се радуваме само на неизвесноста во битките за врвот и битките за опстанок затоа што сите клубови дојдоа до речиси израмнето ниво – ама, за жал, квалитативно најниското. И ќе чекаме да се помине едвај по едно или две квалификациски кола во Европа, и потоа се од почеток до следната сезона… А до мај 2025, ќе стои запишано – Струга ТЛ е шампион и ќе игра во квалификациите за ЛШ, Шкендија ќе игра во квалификациите за Конференциската лига, Вардар ќе игра во баражот за опстанок, а Брегалница и Македонија ЃП ќе играат Втора лига!

ТИМ НА 32. КОЛО

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ендрит Красниќи (Шкендија)

Во единствениот натпревар од последното коло кој нешто резултатски значеше Шкендија славеше со 0-2 на гостувањето против Работнички и го обезбеди второто место на табелата и настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. А, Красниќи беше предводникот до победата за тетовци со постигнат гол и асистенција за запечатување на трите бода.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)

Успеа на најдобар можен начин да ја подготви екипата од психолошки аспект пред дуелот во кој за нив единствено беше неопходна победата за настап во Европа. На крај, Шкендија, успеа сосема рутински да дојде до значајните три бода, максимално мудро одигрувајќи го натпреварот а не дозволувајќи во последната рунда да им се открадне европскиот излез.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Давид Манасиевски (Силекс)

Во натпревар без резултатско значење Силекс ремизираше (1-1) на гостувањето против Брегалница во Штип. А бодот за кратовци го донесе Давид Манасиевскисо извонредниот погодок во финишот на натпреварот.


ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...