Зошто немаше публика за македонските одбојкари?

Заврши одлично подготвениот одбојкарски интернационален меморијален турнир „Чајка“. Изминатите денови во Скопје имаше врвна одбојка за која се потрудија репрезентациите на Македонија, Јапонија, Египет и Грција.

Врвни одбојкари на паркетот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје покажуваа каде е сега светската одбојка. Покажуваа тимски дух, борбеност, вештини…

Браво за организаторот за одлично осмислениот турнир и успехот во Скопје да се донесат репрезентации кои значат многу во светската одбојка.

Но, други потфрлија. Овој пат тоа е за публиката, остана прашањето за скопските љубители на врвниот спорт:

-Зошто немаше публика на натпреварите?

Мечевите ги проследуваа по околу 400 до 500 лица. Очигледно беше дека многумина од нив се дојдени за бодрење на своите роднини кои играат за македонската репрезентација и имаше само по некој спортски сладокусец.

-Каква порака им испративме на нашите репрезентативци кои наскоро ќе настапат на Европското првенство?

Во Скопје дојдоа репрезентации кои ако беа во друг главен град во регионот сигурно ќе полнеа сали.

-Зошто на пример одбојкарските младински тимови низ Скопје (па и низ Македонија) не ги доведоа своите играчи да видат во живо добра одбојка, што се и кои се можностите на играчите, да почуствуваат атмосфета, да видат некоја одбојкарска ѕвезда, да видат некој нов потег, тактита…?

Па тоа ќе им заменеше 10 тренинзи… кои обично децата ги плаќаат, а овде ќе гледаа и учеа бесплатно. На пример мечот на Македонија против Египет ќе беше одлична лекција, нашите репрезентативци го добија по настојчивост и борбеност со 3:2.

Да се надеваме дека ќе се извлечат поуките и ќе има поправка на работите веќе за време на Европското првенство во чие организирање учествува како домаќин и Скопје.

Инаку, Победник на турнирот беше Грција, втора со исти бодови беше Јапонија, Египет беше трет, а Македонија заврши на четвртата позиција.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ