Зошто ни се потребни херои?

Атанас Кирјаковски

Спротивно на популарното мислење, хероите се обични луѓе. Како мене и тебе. Немаат натчовечки моќи и не живеат подолго од нас. Тие се меѓу нас, тие се дел од нас. Најчесто невидливи и незнајни. Волшебното е во тоа што и јас и ти можеме да бидеме херои – доколку се ослободиме од оковите на стравот и себичноста.

Секој од нас катаден се наоѓа во ситуација да биде херој. Проблемот е дали го препознаваме тоа. Дали избираме да бидеме херојот. Таа теоретска бабичка која има потешкотии да го премине булеварот, тоа архетипно детенце коешто проси на улица, тоа семејство во она оддалечено место коешто гладува – се повиците за нашето херојство. Можеме да помогнеме, малку треба за тоа. Нашите напори и алтруистички загуби се ништожни во однос на придобивките за оние за коишто се грижиме. Нема мали и големи херои – има само херои и кукавици.

Херојството не е и без корист за самиот херој. Едно од најдлабоките човекови чувства на задоволство и вредност е да помогнеш некому. Да направиш добро дело и усреќиш некој друг. Да решиш нечиј проблем. Само така среќата на другиот можеш да ја почувстуваш како своја, како заедничка, споделена, неколкупати засилена. Она што тебе ти изгледа мало и незначително, за некој можеби е монументално и витално. Понекогаш дури и без да добиеш признание и благодарност. Без возврат. Чувството дека си херој е доволно самото посебе. Таа софистицирана убавина да препознаваш добрина е вредност која треба да се негува. За таквата убавина плачеме на филмови и добри книги, но некако забораваме дека и ние имаме шанса во реалноста за добри дела. И покрај тоа што реалноста е сурово ентропична, ладна и нихилистичка, сепак нашата човечност има сила да ѝ се спротистави – имаме можност да бидеме херои.

Се чини последните неколку години доведоа до ерозија на моралните вредности во Република Македонија. Да се биде херој е да се биде лековерна будала која верува во идеали. Наивен, себеризичен, бесцелен наивник – херојот во македонското општество е селската будала. Тој не менува ништо, наивно верува во идеали додека сите останати ја знаат „вистината“ и гледаат на него со сожалување и недоверба. Тие знаат „подобро“, тие се „искусните“, а тој – „глупавиот“. А сето тоа е само изговор за таквите коишто преферираат да бидат себични и одбиваат да работат на себе со цел да станат подобри човечки суштества за себе и за другите. Изговори затрупани со нови изговори. Лажна приспивна песничка за убав сон која всушност води до повторно будење во нов кошмар.

Но ултимативно нема песни за таквите. Нема спомен за кукавиците. Не постои верзија на кукавички Одисеј или плашлив Гоце Делчев кои се воспеваат. Хероите живеат. Хероите се слават. Хероите инспирираат, даваат надеж и смисла и време е да ги најдеме истите во Македонијава. Време е престанеме да живееме во траумата нанесена од обезличувањето и деградирањето на државата, омаловажувањето на македонскиот народ со потпишувањето на разно-разните цинично именувани спогодби и договори за „добрососедство“ и „решавање спорови“. Време е да најдеме нови херои и да се потсетиме на старите. Време е да најдеме нова смисла на нашето постоење. Нова храброст и пожртвуваност. Нов извор на љубов, припадност и сакање. Одново себепронаоѓање и навраќање кон тоа што значи да се биде човекољубец. Да се биде херој. Бидејќи тоа ни е најпотребно.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...