Зошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?

Пребрзото возење по скопските сообраќајници е навика на многу возачи. Тоа не е добро, всушност тоа е опасно!

Казнети 80, 70, 50… возачи дневно кои што не го почитувале ограничувањето на брзината од 50 километри на час на градското подрачје. Нема ден, а сообраќајниот билтен во кој полицијата објавува податоци за казнети возачи на скопското подрачје да не содржи вакви податоци. И пак нема спас од здивените возачи кои може секој да ги види ако застане барем 5 минути на попрометна крстосница..

Зошто полицијата не успева да ги скроти?

Зарем треба на возачите коишто го почитуваат правилото за максималната брзина да им останува само немо да ги проследуваат несовесните возачи и да им се тргаат од патот? Зарем треба да стане навика-правило во Скопје да возиш цело време во страв со „4 очи отворени“, да се внимава на крстосница оти иако ти е зелено некој од другата страна ќе пројде на црвено, дека некој насилнички наеднаш ќе ти влезе во лента, дека…?

Да, полициските радарски контроли придонесуваат дел од оние кои возат дивјачки да бидат и казнети. Но, тоа очигледно не го решава проблемот на задоволително ниво. Здивените возачи и понатаму се во голем број на улиците.

Сегашната стратегија на полицијата мора да се надогради. Потребни се, очигледно, и други мерки. Зајакнато полициско присуство, почести контроли на критичните сообраќајници, да нема прогледување низ прсти, сообраќајците на крстосниците да не дремат во возилата туку да следат и казнуваат….

За насилниците и натаму да не царуваат на сообраќајниците мора порешително да им се застане на патот. Полицајци има доволно во државата, нека бидат поприсутни на улиците.

Сепак, освен со ова, треба да се види дали дисциплинирањето на несовесните возачи треба да се прави и со повисоки казни. Судовите се исто така на потег за да определат вистинска санкција за вакви прекршоци.

Минатата година се предложи воведување на ново кривично дело – безобѕирно управување со моторно возило. Со него, возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ќе се третира како кривично дело. Но, промената се уште не е усвоена и стапена во сила. Зошто се чека?

Многу жртви има на скопските улици. Тоа зарем не е голема опомена за властите?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...