Пожарите и дрвокрадците со години ги опустошат македонските шуми. Оголените површини вриштат од потребата за обновување на шумскиот фонд. Се прави ли тоа доволно?
Разни невладини организации се намножија за решавање на ваквите проблеми. Многу Тркалезни маси и разни други конференции има за темава. Силни зборови се кажуваат на помпезни собири по конференциски сали. Прават проекти, се земаат грантови од странство, се кажуваат приоритетите, се мапира и се укажува на нужноста дека треба да има пожумување низ Македонија. Просто има голема растрчаност. Но дали е така на теренот, таму каде треба да се прави пошумувањето?
Моќно делува кога некој активист ќе каже – посветени сме на обновување на шумите и одржливо управување со земјиштето, но помоќно е ако на терен сработуваат малку повеќе од досега. За пошумување на 5 хектари не треба да се прават 5 конференции. Поарно е една конференција, а пошумени 100 хектари.
За држаните надлежни институции пак пораката е уште пократка – да бидат понастојчиви во обновување на македонските шуми оти тоа е ептен потребно, а и за да си ја заработат платата.