Од општина Илинден денеска информираа дека со асфалтирање на вториот слој од улицата „103“ градежните работи се комплетно завршени.
Улица е со должина од 512 метри и широчина од 6 метри, а според информациите од општината била проектирана по највисоки стандарди, со тротоари од двете страни во широчина од по 1,5 метри, што овозможува безбедно и функционално движење на сите учесници во сообраќајот.