Општина Ѓорче Петров информираше дека се поставува атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром.
Градоначалникот Александар Стојкоски објасни дека канализацијата е со должина од еден километар и дека со овој зафат се решава долгогодишен проблем со одведувањето на атмосферските води и се подобруваат условите за жителите во овој дел од населбата.