Зошто, зошто, зошто: Пречесто има трагични сообраќајки во Македонија

Нова страшна вест од македонските сообраќајници. Младо момче загина час и половина по полноќ на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце. Повредени се и три лица кои се пренесени во Општата болница во Куманово.

Жално. Загрижувачко.

Премногу често имаме вакви ситуации во Македонија. Премногу изгубени животи што е вистинска трагедија. Уште не стивна ниту шокот од пред 4 дена кога во тешка сообраќајна кај Росоман две лица загинаа, а три се тешко повредени.

Прашање до сите учесници во сообраќајот: Зошто овие трагедии не се доволна опомена за да бидат повнимателни и поодговорни? Секој од нас треба да отвори „четири очи“. Секој треба да е свесен дека одењети по тенката жица на македонските патишта може да не одведе да бидеме дел од црната статискита.

Прашање до полицијата: Зошто не успева да ги скроти здивените возачи? Не е доволен одговор дека правеле контроли. Ете се гледа дека не се доволни.

Прашање до одговорните за патиштата: Зошто не се средат сообраќајниците низ земјава како што треба? Има многу црни точки, лоша сигнализација…

Без сериозен одговор од сите три – ЗОШТО, ќе остане само да се зголемуваат црните бројки во црната сообраќајна статистика.

 

 

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...