Арбитри од Естонија и Летонија за двомечот на Вардар со Рајн Некар

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за квалификациските натпревари од Лигата на Европа.

Во второто по ранг европско натпреварување ќе учествува и тимот на Вардар, кој за ривал во квалификациите го има Рајн Некар.

Правдата на првиот дуел меѓу македонскиот тим и бундеслигашот ќе ја делат Марион Кун и Алвар Тинт од Естонија, додека делегат ќе биде Михаил Башев од нашиот источен сосед.

На реванш средбата, на која Рајн Некар ќе биде домаќин, судии ќе бидат Иварс Чернавскис и Едмундс Богдановс од Летонија. Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи делегат на реванш средбата да биде Петр Новак од Чешка.

Вардарци првиот дуел против Рајн Некар ќе го одиграат на 26 август во СЦ „Јане Сандански”. Реваншот ќе се одигра на 3 септември во Хајделберг.

Победникот од квалификацискиот двомеч меѓу Вардар и Рајн Некар ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Доколку Вардар го мине Рајн Некар, тогаш ќе игра во групата А со францускиот Нант, шведскиот Кристијанштад и португалската Бенфика, каде што настапува Филип Талески.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...

Мешков Брест ги задржа Андреев и Мацкевич

Белорускиот првак Мешков Брест одново ќе има конкурентен...