Поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Јосиф Михајловиќ“, денеска без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Чаир.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“.
Водата ќе биде исклучена од 9 часот наутро и ќе трае сè до завршување на работните активности.