Британците за Божик ќе трошат повеќе пари на домашните миленици отколку на своите партнери



Многумина кои имаат домашно милениче на него гледаат како на крзнено бебе и сакаат да го разгалат, како секој родител што би го разгалил своето дете. Можеби ова е причината зошто многу Британци ќе потрошат повеќе пари на своите миленици отколку на подароци за својот партнер овој Божик.

Ова го откри истражувањето на „Петплан“ според кое, секој петти Британец (18 отсто) ќе троши пари на своите миленици оваа година, но повеќе за своите сакани мачки и кучиња, а помалку на саканите личности.

Дури 77 отсто од 2.000 анкетирани луѓе признале дека не сакаат нивните крзнени бебиња „да се чувствуваат изоставени“.
И не само за Божик има пораст на трошоците. Британците сега трошат повеќе на своите миленици од кога било и покрај високите трошоци за живот.

Повеќе од една третина од жителите на Лондон (37 проценти) признале дека нивните миленици ќе отвораат подароци, исто како и нивните деца. А, повеќе од половина од нив ќе добијат и божикна гозба (57 проценти), пренесува metro.co.uk.

„Фактот што сè почесто прикажуваме миленичиња во нашите божикни прослави е доказ за виталната улога што ја играат во семејствата низ Велика Британија, а во некои случаи нашата желба да ги третираме на Божик, го надминува начинот на кој ги „разгалуваме“ нашите партнери и семејството!”, вели Бела фон Местерхази од „Петплан“.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај...