ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Еурофарм Пелистер во битка за прв трофеј

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Еурофарм Пелистер во битка за прв трофеј

Денеска низ Европа ќе бидат одиграни голем број дуели кои дефинитивно ќе донесат интересен ракомет, но во центарот на вниманието е мечот од македонскиот Супер Куп меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Во салата „Парк“ во Струмица, двете најдобри екипи од Македонија за првпат сезонава ќе ги одмерат силите како увертира за првото суперлигашко дерби.

Свој настап на денешната ракометна програма ќе имаат македонските интернационалци Филип Талески, Дејан Кукуловски и Ива Младеновска.

Кукуловски со екипата на Брно ќе има предизвик во Европскиот Куп и ќе ги одмери силите со ривалот од чешкиот шампионат, Робе Жубри.

Филип Талески ќе го има официјалното деби за Бенфика, на тешкото гостување кај Спортинг Лисабон.

Брест Бретањ на Ива Младеновска во третото коло од најквалитетното француско натпреварување за ривал го има Аманд.

Освен во Чешка и Франција, денес ќе се игра и во шампионатите во Русија, Данска, Норвешка, Унгарија, Португалија…

Ќе има и четири интересни натпревари во Бундес лигата, најинтересно се очекува да биде на дербито меѓу Фуксе Берлин и Магдебург, односно Гумерзбах и Хановер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ДИНАМО – КУБАН (РУСИЈА)

18:00 БРБНО – ЗУБРИ (ЧЕШКА)

18:00 САНДЕС – НАЕРБО (НОРВЕШКА)

18:00 БЕКЕШЧАБА – ФЕРЕНЦВАРОШ (УНГАРИЈА)

18:00 ДЕБРЕЦЕН – ВАЦ (УНГАРИЈА)

18:00 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – ЃЕР (УНГАРИЈА)

18:15 ЕЛВЕРУМ – ФЈЕЛХАМЕР (НОРВЕШКА)

18:30 СИЛКЕБОРГ – НОРДСЈЕЛАНД (ДАНСКА)

18:30 ЕСБЈЕРГ – КОЛДИНГ (ДАНСКА)

18:30 СКЈЕРН – АРХУС (ДАНСКА)

18:45 КАДЕТЕН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)

19:00 ХАЛДЕН – ДРАМЕН (НОРВЕШКА)

19:00 ХОЛСТЕБРО – РИНГШТЕД (ДАНСКА)

19:00 ЕРЛАНГЕН – БЕРГИШЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ГУМЕРЗБАХ – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:30 ЛЕМВИГ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)

20:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – АМАНД (ФРАНЦИЈА)

20:00 СОНДЕРЈУСКЕ – ГОГ (ДАНСКА)

20:00 МАДЕИРА – БРАГА (ПОРТУГАЛИЈА)

20:30 ФУКСЕ БЕРЛИН – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

20:30 БАРСЕЛОНА – АНАИТАСУНА (АСОБАЛ ЛИГА)

21:00 СПОРТИНГ – БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО)

The post Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО) appeared first...

Двојна унгарска победа над Словенија, Германија триумфално против Франција

Селекциите што ќе бидат дел од Олимписките игри...

🎥 Галец пуштен на најјако – ги излуде Австријците

Голманот Иван Галевски по одличната клупска сезона, блеска...

Македонија чека чудо – португалско или германско

По ремито со Австрија, 20-20, машката младинска репрезентација...