Градежните активности за доградба и проширување на општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ влегуваат во својата завршна фаза. Ова го соопштија од општина Кисела Вода, по денешниот увид на градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска.
Во училиштето се доградуваат нови 390 квадратни метри простор. Градоначалничката вели дека со предвидената динамика, доградба ќе се финализира до крајот на годината, по што речиси илјада ученици ќе добијат современ простор кој ги задоволува највисоките образовни стандарди.