Две прашања за министерката Тренчевска

Повеќето од пензионерите во Македонија се крајно незадоволни од износот на пензиите и бараат линеарно покачување. Власта вели дека тоа не било изводливо.

-Пензионерите не се дојдени од што им е добро, туку бидејќи им е лошо. Министерке вие сте избрани да работите во интерес на граѓаните, а не само за лични интереси. На вас не ви е лошо со зголемувањето на платата од 78 проценти. Овие пензионери кои се дојдени гладуваат. Пензионерот треба да има достоен живот, велеа пензионерите на вчерашниот протест.

Одговор им стигна од министерката преку ТВ екраните:

-Секое едно нереално покачување на пензиите ќе ја доведе во ситуација стабилноста на Фондот за пензиско осигурување. Не сакаме да бидеме популисти и да дадеме линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија. Мора да се води сметка за стабилноста на Фондот, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Одговорот на прв поглед делува дека е домаќински. Власта ќе го штитела Фондот од колапс после кој ќе има големи проблеми.

Но, веднаш се наметнува едно прашање: А зошто не го штитат вака и Буџетот на Македонија. И тој ќе колабира од енормно покачените плати на функционерите?

Да не зборуваме дека буџетот го претворија во вреќа без дно во која властите си брцаат рака кога ќе посакаат, за какви се намени ќе си замислат. Или со буџетот е полесно оти може да има негов ребаланс и дополнување кои ќе го пополни народот (читај и пензионерите)?

Околу објаснувањето на министерката дека „Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години“ исто така се добива впечаток дека е домаќинско размислување – став.

Ама и тука има едно подпрашање: А праведно ли е некој што нема ниту три години стаж и искуство да стане министер или директор на јавно претпријатие и да зема плата неколку пати поголема од оној што има 25 години искуство и никогаш не може да стане директор ако не е партиски послушник и лепач на плакати?

Затоа, министерката треба да знае дека покрај беспарицата и поради овие работи пензионерите се решени да го бараат она што таа мисли дека не треба да го добијат.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...