Џафери мораше да овозможи гласање во Собранието за уставните измени, а не да ја прекине седницата – Denesen.mk

Илија ДИМОВСКИ

Претседателот на Собранието мора да овозможи Собранието да донесе одлука.
Претседателот на Собранието во примената на Деловникот не смее да носи политички одлуки, туку исклучиво процедурални.

Со констатирање од страна на Претседателот на Собранието дека листата на пријавени за дискусија е исцрпена,
а во Собранието на очиглед на целата јавност беа присутни повеќе од 110 пратеници, седницата мораше да продолжи во следната фаза на одлучување и гласање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери се повика на член 81, став 1 кој нему му дава можност да ја прекине седницата од две причини, и тоа:
1. Ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување; и
2. Други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно.
Да констатираме:
1 Во моментот на прекинувањето на седницата на Собранието имаше потребно мнозинство присутни пратеници за одлучување и Претседателот на Собранието (како што и сам кажа) го видел тоа и не ја прекинал седницата од таа причина.
2. Други случаи кога ќе оцени дека е неопходно прекинување на седницата е оправдувањето дека е деловнички начин како е прекината седницата, но има два проблеми и тоа:

Прво, другите случаи му се набројани во ставовите 2, 3 и 4 од истиот член 81 од Деловникот или се спомнато во други членови од истата глава V (како на пример во член 93, став 3) и Деловникот никаде не му дава можност на користење на дискрециони права за да ја прекине седницата на Собранието па дури и во ситуација ако тој и сите потпретседатели се отсутни од седницата (како на пример што е регулирано во член 71, став3).

Дополнително, примената на член 81 став 1 не може и не смее да се случи кога со таа примена се прекршува друг член на Деловникот, посебно не ако тој член е во глава V и специфично регулира одлучување, како што е членот 95, став 1 каде што се вели дека Собранието може да одлучува ако на седницата се присутни мнозинство од вкупниот број на пратеници.
Значи со погрешна и дискрециона примена на член 81, став 1 од страна на Претседателот на Собранието,
е прекршен член 95, став 1.

Претседателот Талат Џафери во својата изјава потенцираше дека прекинувањето на седницата го направил од политички причини.
Да потенцираме дека Деловникот за работа на Собранието не познава и не дава права на Претседателот на Собранието да носи процедурални и деловнички одлуки од политички причини.

Користејќи некакво свое дискреционо право (за кое нема деловничка основа) Претседателот на Собранието оневозможи Собранието да донесе одлука.

Политичките одлуки не ги носи Претседателот на Собранието, туку Собранието на Република Македонија со одлучување и гласање.
Претседателот на Собранието оневозможи гласање заради политички интерес и потреба на Владата, а не на државата.
Државата (институциите, економијата, целокупниот систем, надворешните односи,…) во овој случај дополнително ќе биде малтретирана, за да Владата се чувствува комотна.

Претседателот на Собранието мораше да постапи во интерес на државата, да овозможи Собранието да одлучи
и сите други институции, партии и поединци да ги поднесе на почитување на одлуката на Собранието какви и таа да е.

П.С. Добро е што оправдувањето на Претседателот на Собранието ја расчисти и дилемата со пречестата и на случаи несоодветна примена на член 165, став 1 околу можностите кога може да се одложи гласање.

П.П.С. Претседателот на Собранието мора да овозможи Собранието да донесе одлука, тоа е врвен интерес во демократијата.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...