Еурофарм Пелистер пружи голем отпор против Монпелје, но лошиот старт на вториот дел го чинеше пораз!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес претрпе пораз од Монпелје на традиционалнион ТВ турнир на шампионите во босанскиот град Добој.

Францускиот тим во дуелот со тимот на Александар Јовиќ триумфираше со 29:26. Победата на Монпелје беше обезбедена во вториот дел, откако пелистерци покажаа квалитет во првите 30 минути и рамо до рамо се носеа со поранешниот европски шампион.

Еурофарм Пелистер одигра одлично во првото полувреме, во кое беше повеќе од рамноправен противник. Во второто полувреме дојде до израз квалитетот на двете екипи, битолчани сѐ повеќе грешеа, до 45-та минута постигнаа само три, а примија 11 гола.

Македонскиот претставник немаше сили да го запре залетаниот Монпелје, па поразот беше неизбежен.

Еурофарм Пелистер во првото коло беше поразен од актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли, додека во второто коло од турнирот го совлада домаќинот Слога Добој.

По одигрувањето на сите денешни натпревари, ќе биде познато кој против кого ќе разигрува за пласман.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...