Итни парламентарни избори се единствениот лек за метастазираните институции

Згрозеност, но и исплашеност – има ли дно каде конечно ќе застане метастазираниот арамилук и институционалната нечовечност која се шири низ Македонија. Ова е реакцијата на монструозноста која произлегува околу истрагата за сомнежите дека лековите за болните од карциноми завршувале на црниот пазар, болните се „лечеле“ со обичен физиолошки раствор, а несовесни лица се богателе.

Ова тонење на општеството мора веднаш да сопре. МОРА!

Може ли да се видат тенденции од надлежните институции за премавнување на оваа загрижувачка состојба во Македонија? Има ли власта кадри кои можат и сакаат да го сопрат тонењето кон погубното дно? 

На аферите коишто и се случуваат на актуелната власт како да им нема крај. Само во здравствениот систем ги има цел куп. Доволно е да го споменеме горењето на болни луѓе во тетовската болница.

Скандалозно е и во други сфери на општеството: До неодамна јавноста се скандализираше како роднините на високите функционери добиваат дипломи и полагаат испити без завршени факултети, како тие но и лица кои се дружат со партиските штабови стануваат обвинители, како се распаѓа Судскиот совет… за да сега се гледа како фирми-партиски спонзори добиваат државни тенедери од околу два милиони евра, како роднини на партиски лидери купуваат деловни згради без да дадат ниту еден денар за тоа, како нема вистински истраги за лица од американски „црни листи“, како се дават стотици милиони евра за изградба и надзор на автопатски коридори чија градба никако да започне… 

Загрижувачко!

Ако на сето тоа се додаде запрената евроинтеграција поради тоа што власта прифати странски услов за промена на Уставот без консултации и договор со опозицијата, тогаш станува јасно дека македонското општество е веќе навлезено во голем хаос.

Општествена нефункционалност, губење на довербата на граѓаните во државните институции, во судството, општа разочараност, корупција, масовно иселување… само се последици на сето ова што ни се случува.

Од таквата состојба мора да се бара вистински излез. Апелите на Владата и на Претседателот на државата институциите да си ја вршат работата – колку можат во тоа да помогнат?

Во сите институции има и чесни кадри кои посветено си ја работат работата, ама обично тие не се ставени во преден план од политиката. Затоа, јавноста се погласно апелира – време е за итни парламентарни ибори. Граѓаните бараат да изберат нова општествена енергија која ќе го сопре опасното тонење.

МОРА да запре понатамошното морално и секое друго пропаѓање на веќе метастазираните институции во Македонија. Лек за сето тоа сега се предвремени парламентарни избори.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург го бара Вулф, ама ќе треба да го „одврзе ќесето“

Германскиот Магдебург е заинтересиран во своите редови да...

Цирар: Покажавме дека може да се надигруваме со Еурофарм Пелистер

После победата над Струга во „Езерското дерби“, ракометарите...

Ред партиски митинзи – ред работнички протести, министрите каде одат почесто?

Изборната кампања зоврива, но зовриваат и проблемите на граѓаните....

Ќе ги издржиме ли сите убавини што ќе ни ги донесат?

Списокот за исполнување на желби и соништа во Македонија...