Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Кога сме заедно, чуда правиме | KOLUMNI.mk

Кога сме заедно, чуда правиме

  • Брзото откривање на можните сторители на обидот за палење на Еврејската заедница и синагогата е за пофалба. Голем успех. Ефикасна акција на нашите безбедносни служби, кои сигурно дејствувале во соработка со стратегиските партнери
  • Неколку напомени. Немојте да мислите дека оваа „група“ е единствената во Македонија. Терористичките групи кај нас се „прсти“ на терористичката скриена дланка во светот. „Најеминентни“ се џихадистите поради огромното медиумско покривање. Но преку нив или заедно со нив се балканските мафии, наркокриминалците, трговците со оружје и со луѓе итн. А каде е изворот на пари? Тероризмот е скап спорт

Безбедносните служби на Македонија заедно со МВР молскавично ги открија сторителите на опожарувањето на Еврејската заедница на Македонија (ЕЗРМ). Браво! Навистина и искрено. Фала му на Бога, ете, можеме нешто да пофалиме во системот. Останува да покажеме и во други области дека можеме да бидеме толку ефикасни. Искрено, се сомневав дека ќе се случи ова, поради спектар на неисполнувања на системот, што поради „смотаност“, што поради партиска и етничка расипана дијалектика, а во голема мера и интенционо. Ајде да ја оставиме критиката за другпат и да си се пофалиме малку, а и нешто да научиме. Секако дека овде има соработка и асистенција на странски односно меѓународни безбедносни служби и така треба. Ете, покажавме дека кога сме заедно и кога се сака, сѐ се може. Богами, за оваа ефикасност и во светот може да ни позавидат. Без фалење, ама некогаш безбедносните служби во бивша Југославија беа најефикасни во светот – „ОЗНА све дозна“ и „УДБА е ваша судба“. Џон Шиндлер, професор по стратешко разузнавање на Бостонскиот универзитет и консултант за национална безбедност на САД, еден од најголемите познавачи на разузнавачките дејства, тероризам и џихадизам во бившата Југославија, вели дека УДБА била една од најсуровите безбедносни организации на комунизмот, но затоа била единствена организација што апсолутно ефикасно се борела против тероризмот. Од сите факултети за безбедност, најефикасна била во Скопје. Oд необјавени текстови се дознава дека ја формирале Германците во Втората светска војна, како центар за обучување агенти контра СССР, а во соработка со Охрана и за апсење партизани и нивни соработници. Разузнавачки центри на Гестапо и СС имало во секој град (в. „Абвер на Балканот“ од И. Бабановски, М. Бабагинин и соработници, а исто така и во најновата книга „Пајак на Европа“). Во 1944 година во приватна куќа во Чаир е импровизирана школа за безбедност, а во 1977 година е формиран Факултетот за безбедност (в. Институт за национална историја – „Документи за сојузната и за македонската служба за безбедност 1944-1989“), кој во 2008 година е трансформиран во Факултет за безбедност при УКЛО. Важни се меѓународните соработки со центри и системи во светот – ЦЕРОЛ (Европски полициски колеџ), со сите балкански земји, особено со агенциите од стратешките партнери (САД, Турција, ОК) и пошироко и со Интерпол, Европол, СЕЛЕК, ОБСЕ (Протокол за соработка), соработка со јавното обвинителство, Центарот за одговор на сајбер-интервенции и други сектори. Всушност, токму овие соработки ѝ овозможија на Македонија да ја изведе оваа акција многу успешно. Значи, безбедноста во последно време се подобрува нелинеарно, откако во посттранзицијата гледавме неоспорен пад. Тоа беше неоспорно, бидејќи сите сме сведоци за голем криминал плус атентати во тој период.

Податоците за оваа операција ги знаете од медиумите – прво брза акција на две маскирани лица што извршија опожарување на ЕЗРМ и брзо бегство со мотор, кој беше следен до Чаир. Приведени и сослушани се 12 лица, а две се притворени. Од МВР велат дека случајот има врска со повратници од ИСИС. Претходно кажавме дека опасноста од џихадот е огромна во Европа и кај нас. Кај нас има од 289 до над 300 повратници од ИСИС (варијабилни податоци). Сите се потенцијални терористи и убијци – како порано така и сега. Во Македонија „прошетаа“ секакви сорти на терористи – муџахедини, талибанци, Ал каеда (со неколку центри за обука кај нас), балисти-УЧК, „разузнавачки“ организации на ПЛО (дознаваме од еден инцидент уште пред 10 години). Наводно, насилните терористички напади во Македонија беа минимални поради „благонаклоните“ и „пријателски“ односи на македонските политичари кон арапските и џихадистичките земји. Тука се вклучени политички и економски фактори подложни на поткуп (по кажувања на многу соодветни лица и инсајдери). Користени се и нови сајбер-разузнавачки средства – СИГИНТ, но секако и класични – ОСИНТ (open source intelligence), ХУМИНТ итн. Актуелните војни на Блискиот Исток, Украина, Африка итн. направија огромен скок во примената на вештачка интелигенција (АИ, АГИ, Агентик АИ, „Hacking Minds“) и други технологии во воени и разузнавачки цели. Ана Нојбергер, поранешен советник на владата на САД за кибернетика и нови технологии, вели дека без континуирано следење на новините (секоја година, па и месец) во ера на иновации и тера или пета податоци, не може да се функционира во областа на криминалот и тероризмот. Исто така читајте ги најновите книги на Емануел Џозеф, Ким Форџ и Томас Малиган – „Шпионажа во нашата АИ иднина“ (Espionage in our AI future). Ние не сме исклучок од мрежата на светот. Така, војната во Иран, Украина и тероризмот низ светот е и наша војна, односно ние сме во перманентна војна. Војната е вид на материја. Тоа го потенцирале авторитети од антиката и особено денес – Хераклит, Сун Цу, Каутилиа, Тукидит, Луј 14, Томас Хобс, Гроциус, Маркс, Каузевиц, Карл Шмит, Јудит Батлер, Славој Жижек, Мартин ван Кревелд итн.

Неколку напомени. Немојте да мислите дека оваа „група“ е единствената во Македонија. Терористичките групи кај нас се „прсти“ на терористичката скриена дланка во светот. „Најеминентни“ се џихадистите поради огромното медиумско покривање. Но преку нив или заедно со нив се балканските мафии, наркокриминалците, трговците со оружје и со луѓе итн. А каде е изворот на пари? Тероризмот е скап спорт. Се наведуваат државни инвестиции (Иран, но сигурно има и други „заинтересирани“, особено во овие игри со нафта, ѓубрива, ретки метали итн.), воени инвеститори, разузнавачки организации, бизнисмени, невладини организации (во име на „хуманост“ или „помош“ се финансира вооружување, смена на системи, дестабилизација), криминалитет (разни трафицирања), потплатување, дигитална децентрализација и форсирање политички партии или религии. Значи, не се само џихадистичките интереси, туку и други, често испреплетени. Секогаш напоменувам – има разлика меѓу исламот и џихадизмот. Исламот е љубов и посветеност кон Алах, што во широка смисла (барем кај мене) заслужува поддршка. Џихадот како што е сфатен сега е љубов кон насилството и екстерминации против оние што не им се „симпатични“, а во име на Алах. Во средниот век џихад означувало одбрана на Бог (Алах) со мисловни, но и физички средства. Многу е злоупотребуван, впрочем освојувачките војни се во име на џихадот. Денес од политичарите и разузнавачите џихад се изедначува со тероризам и насилство, маскирано во исламска религија, што реактивно ја предизвикува исламофобијата. За жал, исламот многу се злоупотребува, па и оние добрите исламисти под дејство на пропаганда во одредени ситуации почнуваат да го поддржуваат џихадот и тоа се користи во правец на ширење и глобализам на истиот тој (Самуел Хантингтон, Томас Хагамер, Асаф Могадам, Глен Робинсон, Џарет Бракман, Магнус Рансторп, Петер Несер, Анџел Рабаса, Џулиано Бифолчи итн.).

Дали овој акт на подметнување пожар има врска со антисемитизам? Апсолутно да. Жалам за оваа груба несмасна констатација, но да излеземе од илузијата. Од илузија – контузија. Ова е премин од потенцијална енергија во кинетичка – од теории и пропаганди во насилство. Овој настан го очекувавме – уште при конципирањето на Центарот (Музејот) на холокаустот предвидувавме дека ќе се појават кукасти крстови како во Битола и насилства. Центарот е добро обезбеден, но во однос на ЕЗРМ малку „се успавме“. Потоа, за жал, точно е дека Израел има претерани-хиперболични кинетички акции на Блискиот Исток, без илузија – поддржани од голем дел Евреи во светот. Теоријата е дека тоа е „борба на живот и смрт“ – „јас нив или тие мене“ – „по нацистички Аушвиц и Треблинка, нема да дозволиме џихадистички“. Иран во Уставот вели дека ќе го уништи Израел, па тој станува апсолутно параноичен. А по Евреите – сите „неверници“ (христијани, секуларни и неидентични со нив муслимани). За ова последното тврдам дека е апсолутно точно. Ако не верувате во ова – извинете – поограничени сте дури и од мене! Европските медиуми, а и на Балканот се масивно џиновски антиизраелски односно во-ракавични антисемитски. Да не се лажеме – антисемитизмот е џиновски. Отсекогаш бил, а сега е патолошки. Јас им советувам на пријатели Евреи ако одат надвор од Македонија, воопшто да не спомнуваат дека се Евреи, па ни тема поврзана со Евреи. Имам незгодни искуства. Дури и со пријатели. Инаку, во Македонија бројот на Евреите е инфинидецимален (тежнее кон нула), ама антисемитизмот не е. Кај нас медиумите се поумерени од Европа, веројатно поради влијание од Америка, но јас (извинете) веќе во ништо не верувам. Она на што сакам да укажам е безбедноста на сите објекти каде што има масовни собири – особено цркви, џамии, манифестации итн. Посилно обезбедување, посилно – посилно! Никој не е безбеден. Уште еднаш – честитки за овој акциски успех и само така продолжете!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ