Легендата за патот Кичево – Охрид…

Низ Македонија поминува легендарниот пат – Виа Игнација. Направен е за време на римската империја стотина години пред нашата ера. Сега пак, во модерново време, се трасита патот: Кичево – Охрид кој станува уште полегендарен.

Легендата за патот Кичево – Охрид почна во 2014 година со стартот на неговата градба. Кус е патот, не е како римскиот, ама веќе го засенува по својата популарност (многу се зборува за него, па полека стана и мит), а и по тоа колку многу моредни императори по него проврвеа пред и да биде направен. Цели владејачки свити одат по трасата одвреме – навреме и држат легендарни говори, ветувања…

Така направи вчера и претседателот на Владата Димитар Ковачевски, изврши увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид. Со себе ги поведе и министрите Артан Груби, Фатмир Битиќи, Благој Бочварски… Цела свита, како во римско време за некои големи прослави. И, таму – на трасата од патот беше громко кажано, за населението да слушне:

-Очекуваме до средината на идната година да се оспособи левата лента за сообраќај со околу 90% за да можат граѓаните да ја користат, а министерот за транспорт има задача секојдневно да се грижи, да биде фокусиран за да се исполни рокот до крајот на идната година да се завршат целосно градежните работи.

Колку вакви ветувања и уверувања доби до сега овој пат и населението кое нетрпеливо чека – не може да се преброи. Сигурно повеќе пати отколку што патот треба да има километри. Но, сега тоа делува многу поуверливо откако премиерот пак повтори за големите градежни успеси на оваа влада и владата на неговиот поранешен шеф – Зоран Заев.

-Изминативе пет години Владата предводена од СДСМ и сите коалициски партнери изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десетгодишен период, кога биле направени само околу 650 километри, изјави Ковачевски.

Вака ли силно работеле и императорите од време на Стариот Рим, не се знае. Се знае само дека Виа Игнација е многу, многу подолг пат (неколку стотици километри), се знае дека тогаш немале механизација и сепак патот бил направен за 44 години.

Колку ли години ќе им треба на сегашниве „моредни императори“ за многу покус пат? Осум веќе поминаа…

 

 

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Илиќ блескаше на голот, Вардар го освои Куманово и се врати во игра за ТОП 3

Ракометарките на Вардар славеа триумф на тешкото гостување...

Дебитантот во игра на нерви го победи Прилеп

Дебитантот на свој терен во Автокоманда успеа да...

Дебитантот во играта на нерви го надигра Прилеп

Дебитантот на свој терен во Автокоманда успеа да...

Металург Автокоманда се прошета низ Гевгелија

Ракометарките на Металург Автокоманда запишаа нови три бода...