Малер до малер за Кил – се повредија засилувањата Гурбиндо и Жерар!

Сезоната се уште не е официјално започната, а германскиот шампион Кил има големи проблеми со повредени ракометари.

Најпрво се повреди голманот Венсан Жерар, кој ќе паузира најмалку шест недели. Всушност се работи за обновена стара повреда на адукторот, но Жерар ќе мора да ја санира потполно за да не му прави проблеми во текот на сезоната.

Покрај Жерар, Кил го има Томас Мрква, но во првиот состав шанса ќе добие Магнус Бирфројнд, кој веќе бранеше на пријателскиот натпревар со Горење Велење.

Но тука не завршуваат маките на Кил. На тренинг се повреди и поранешниот вардарец, Едуардо Гурбиндо.

Неговата повреда на мускулот ќе го оддалечи од теренот некое време, па Кил ќе мора да се снаоѓа со Харалд Рајнкинд на десната бековска позиција, бидејќи повреден е и Штефан Вајнхолд.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...