Маричиќ се фали или се жали: Има интерес Шолц и Макрон да помогнат на сите можни начини за да дојдеме до 80 пратеници?

Уставот во Македонија мора да се смени; Време е Уставот да се смени; Откако ќе се смени Уставот ќе и тргне на Македонија; Уставот…  Ова македонската јавност го слуша секој ден. Што од коалицијата СДСМ – ДУИ, што од странски дипломати.

 И како времето одминува се чини сезоната на „лов“ на потребното мнозинство од 80 пратеници за уставни промени со цел Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав е засилено започната. Тоа претставниците на власта воопшто не го кријат. Тие го демнат секој опозициски „зајак“. Дали тоа е демократски – како никој од одговорните да не прашува, кому всушност тоа сега му е важно?

Ама, некако зајаците се итри, брзи и тешко им оди ловот на нашите ловџии. И така дојдовме до моментот кога вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ синоќа во ТВ настап на Канал5 отворено најави дека во ловот на пратеници ќе бидат вклучени и странски претставници.

– И јас сум убеден дека со помош на меѓународните партнери и со наш ангажман како Влада, ќе дојдеме до 80 пратеници, затоа што за мене е незамисливо дека ние самите ќе се блокираме. Има интерес веќе од германскиот канцелар и од францускиот претседател и од сите да помогнат на сите можни начини за да дојдеме до 80 пратеници, нагласи Маричиќ.

Значи, поголем калибар на „оружје“ ќе се вади. Маричиќ синоќа не објасни што подразбира под тоа дека Макрон и Шолц ќе “помогнат на сите можни начини“. Односно, какви се чекори тие би можеле да преземат во однос на придобивањето на опозициските пратеници? Дали тоа вклучува и вадење топови, ракети… за да ги „уловат“ оние кои одбиваат да ги поддржат уставните промени затоа што сметаат дека тоа не треба да се прави ако и Бугарија не направи признавање на македонското малцинство во нејзината земја?

На таков начин ли ќе се почитува интегритетот на пратениците и впрочем на демократијата за која нон-стоп ни зборуваат и се повикуваат и нашите од власта и оние од ЕУ?

Затоа остана нејасно: Маричиќ се фалеше кога кажа за мешање на странците во македонскиот парламент или се жалеше од тој чин?

Зарем, ситуацијата ќе биде речиси идентична на онаа од пред три години кога беше потребно да се обезбедат уште осум гласа на пратеници од редот на опозицијата за изгласување на уставните промени врз основа на Преспанскиот договор со Грција. Што се тогаш беше искористено како „аргумент“ за убедување на осуммината пратеници јавноста насетува, знае…

Дури и шефот на државата Стево Пендаровски деновиве откри дека во разубедувањето на овие пратеници бил вклучен и тогашниот американски амбасадор во земјава кој со нив имал подолга средба во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје. Зарем хотелот пак ќе биде центар на слични збиднувања?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ЖЕНА ЌЕ БИДЕ! – Република

Васко Шутаров Политиката е именка од женски род и на...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Струга на гости во Автокоманда, Драчево домаќин на Младост

Денеска со натпреварот меѓу вицепрвакот и Струга ќе...