Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
МРТВ – вечна – Нова Македонија | KOLUMNI.mk

МРТВ – вечна – Нова Македонија

„Зборуе Радио Скопје“…

Најпрвин беше радиото. Потоа радиото и телевизијата беа едно. Како што растеше и се развиваше системот, се одвоија радиото и телевизијата. Во периодот 1960-1962 година Радио Скопје, што се однесува во програмските зафати, оформило екипа и испратило свои работници на обука во радио-телевизиските центри во Белград и Загреб и интензивно се подготвувало за освојување и на тој сегмент од радиодифузијата.

Во 18.15 часот ТВ Дневник, весник во траење од 20 минути, потоа цртан филм и детска емисија, образовна емисија, странски јазици, емисија од културата, ЕПП… Така пет дена во неделата. Создадени биле доволен број емисии и репортажи за предвидените термини, а детските куклени и образовните емисии се емитувале во живо. Така до 20 часот, а потоа вклучување во заедничката програма на Југословенската радио-телевизија.

Потоа соодветно програмските потреби, кога радиото се етаблира, телевизијата продукциски се поткрена и зајакна, се создадоа услови за отворање на Втората програма, на радиото и телевизијата како комплементарна и алтернативна нужност. Имајќи го предвид диверзитетот на интересот на аудиториумот и гледалиштето и растот на македонската држава, аудио и виртуелниот одраз како јавен интерес еве повеќе од осум децении беше и континуирано е дејност во непрегледот содржини, сведоштва и збиднувања проследени и документирани низ програмите на Македонската радио-телевизија.

Со отворањето и доизградувањето на Третата програма на телевизијата, поизразено се одговори на мултиетничкиот карактер на самостојна Македонија. Во процесите на развиток се создадоа професионални кадри што успешно одговорија на претпоставените долгогодишни продукциски предизвици. Секојдневно следење на настаните и информирање од историските збиднувања, големите играни серии, подемот на документарниот жанр, квалитетна образовна програма со која пораснаа и другаруваат генерации, слушајќи го и учејќи го македонскиот јазик, песни, обичаи и настани, се само дел од уставната и законска обврска на овој сложен радиодифузен систем, столбот на македонската сувереност.

Оваа „нова состојба“ во нашиот (македонски) случај, иако сè уште е во фаза на програмско-технолошка транзиција и еманципација, доживеа бурен развиток со сите последици што настануваат притоа и континуирано беше и е предмет на дебати, дискусии, недоразбирања. Дополнително беше често разбранувана со кампањи, перформанси, најави за окупација и закани од типот МРТВ да гори, да се укине… и уште куп небулози, предлози, сѐ под заеднички именител – дека е владина, провладина, опозициска и им служи на интересите на политиките и дека е производител на медиумски мрак и слично.

На почетокот на транзицијата протести пред МРТВ од страна на десните, скршени прозорци, закани, обвинувања дека таа е бастион на комунизмот, јадро од напластен непотизам… Подоцна, со смена на власта кон крајот на 1990-тите, негодувања за програмските концепти, кои овој пат беа оценети како селекција на содржини и блокади, што е во служба на интересите на вмровските политики, непочитување на јавниот интерес и слично. И така сѐ до новата смена на власта итн. И така, еве, духот на долгогодишната антропоцентрична мелодрамска сапуница епизода – перформанс – локација – пред зданието на МРТВ. Сцена – триметарски картонски споменик на диктаторот. Протагонисти десетина медиумски епизодисти и карактерни статисти. Личен реквизит – мегафон, столчиња, розови очила – неколку „пригодни“ текстови – извици, пцости, повици на негодувања, сѐ во знак на протест за информативната блокада и мрак што го спроведува јавниот сервис и во име на плурализација на медиумскиот простор.

Сета оваа ескалација на метафикција, амбалажирана во мрачни и светли нијанси и со задолжително количество на медиумска помпа, останува уште една епизода во низата мелодрамски „пиротехнички“ обиди, за идеолошка политичка конфузија, како замена за вистинските, пред сѐ егзистенцијални економски професионални проблеми и решенија. Вистините што се неми никого не го плашат ниту допираат….

Како што стивна т.н. див либерализам во македонската медиумска сфера, созрева и зацврснува фактот за етерот како ресурс и суверена зона пред сѐ на сопственото севкупно општествено-политичко, мултикултурно, мултиконфесионално, духовно и економско битие на нашата држава, што подразбира континуирана и квалитетна медиумска креативна презентација на сите сфери на живеење и дејствување според високи продукциски и информациско технолошки стандарди.

Лошата слика за МРТВ, за што често можевме да прочитаме, да чуеме и да видиме во печатот и во некои од електронските медиуми – национални или концесионерски, во голем дел е резултат на една долгогодишна континуирана неподготвеност, најпрвин на политиките, а потоа и на дел од јавноста, да се соочи со објективните претпоставки и вистинскaта димензија на овој сложен продукциско информациски систем, столбот на македонскиот медиумски суверенитет. Основата на лошата слика е информативниот дел, т.н. репродукциска компонента во програмската понуда, вестите и актуелно политички и дебатни емисии. Втората компонента за лошата слика за МРТВ е појдовната рамка во која – информацијата во гледалиштето исклучиво се доживува како политички став. Но, за да биде сликата појасна, нужно е да се разграничи што во тие информации е објективна, непристрасна вистина, што е всушност и јавниот интерес на граѓанинот. Но во услови на плуралниот компендиум, обврската на јавниот сервис во информативните појаси да ги следи и информира за протоколот, политиките и дејствата на легално избрана власт, се доживува како режимска уредувача политика, провладина диктатура, медиумски мрак. Па така, сложениот информативно-продукциски систем секогаш е заложник, заробен во зоната на пресметка на политиките и поединци „објективни журналисти“, кои и денес можеме да ги сретнеме и видиме во првите редови на партиите на кои верно им служеле во своите мандати како раководни и одговорни лица.

Но кога се оценува и разговара за јавниот сервис, секогаш се пренебрегнува и прескокнува фактот дека информативниот сектор е само дел од дејноста – репродукциска компонента. Како по правило, случајно или намерно во таа „искривена слика“ се вметнува и оној вреден програмски дел – продукциската компонента – програми од образовен, документарен, спортски, уметнички игран, забавен карактер. Сето тоа не важи. Сите тие програми ги создавале генерации чесни професионалци, драматурзи, уредници, режисери, камермани, сниматели, новинари, сценаристи, сценографи и уште над двесте помалку видливи профили што работат во т.н. заднинска механика во медиумот. Сите тие на куп се ставени на срамниот столб на срамот во хепенинзите и драмолетките на „независните невладини драмски ентузијасти“. Не е фер.

Прво и важно во таа насока е што поскоро запирање на трендот на разбивање на продукциското, кадровското и техничкото јадро на оваа куќа – столбот на македонскиот медиумски суверенитет.

Програмите на МРТВ низ годините овозможија афирмација и широка дистрибуција на аудиовизуелни содржини, што беше задача и една од клучните функции, но во поглед на структурата, тие одамна ја надминуваат таа претпоставка и прераснуваат во производители на содржина и жанрови во кои ја компримираат реалноста, ја пресоздаваат и ја вградуваат во етерот како суверена зона на виртуелна репродукција на севкупното општествено-политичко, економско, културно и духовно битие.

Горните редови се информација за подобро разбирање и за одговорноста при секој нареден обид да се раководи и менаџира сложениот и скап радиодифузен систем Македонска радио-телевизија, како плод на 40 години искуство во МРТВ режисер, новинар публицист, сценарист, композитор, прво вработување – уредник на редакција, одговорен уредник на Документарна програма, Контактно-рекреативна програма, одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МТВ, в.д. извршен директор на МРТВ. Во својство на режисер, потписник на над 2.500 (две илјади и петстотини) ТВ-наслови од сите видови програма – документарни и играни филмови, контактно-рекреативни, забавни, образовни, културни програми, директни преноси, меѓународни проекти, видеомостови, програми од информативниот сектор, новинар, публицист, објавени над 500 колумни во дневниот и неделниот печат, текстови и есеи од сферата политиката, културата и комуникации, теоретски опсервации низ медиумска оптика, плод на долгогодишно богато и разновидно искуство.

Активно учество во сите форми на организирање и дејствување во МРТ, во својство на член на Советот на МТВ, Комисија за филм во Владата на РМ, колегиуми, делегации и друго.

Аљоша Симјановск

(продолжува со: МРТВ – модалитети на активна трансформација)

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Самостресирање

Терминот стрес е преземен од биологијата. Кога организмот е...

Еве зошто настаните од „27 април“ не беа тероризам, туку обвинителско-судско мафијаштво – Denesen.mk

Дарко ЈАНЕВСКИ(текстот е преземен од ФБ профилот на авторот...

40 Years Later, Chernobyl Remains a Lesson in the Unthinkable

For the past 40 years, the wastes of the...