Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Недановски за 24Ракомет: Сериозно си ја сфативме работата, одиме чекор по чекор! | KOLUMNI.mk

Недановски за 24Ракомет: Сериозно си ја сфативме работата, одиме чекор по чекор!

Екипата на Вардар е победник на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски, истакна дека добрата одбрана и големата ангажираност на играчите биле клучниот фактор за победата над тимот од Автокоманда.

,,Секоја победа е емотивна, посебно против еден конкурент и тим како што е Алкалоид. Секое финале си има свое значење, бевме и емотивни и среќни на крајот. Добро бевме подготвени, сериозно си ја сфативме работата во финалето и ни значи оваа победа пред почетокот на првенството и настапот во Европа. Добрата одбрана, желбата на играчите и докажувањето на новите играчи беа клучни за победата. Новите засилувања, освен тие што не добија шанса, се прикажаа во добро светло, беа на вистинско ниво, мислам дека во останатиот дел од сезоната ќе се од големо значење за Вардар”, изјави Недановски.

Стратегот на „црвено-црните“ истакна дека на Вардар му треба време за да го покаже целиот квалитет.

,,Секако дека трофејот во Струга има големо значење, тоа е еден од најголемите турнири во Македонија, можеби и на Балканот, секако дека има значење, се уште не сме на нaштото посакувано ниво, ни треба време и имаме доста нови играчи. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе имаме добра и успешна сезона”, заврши Недановски.

Вардарци наредниот викенд, на 26-ти август, на свој терен ќе го пречекаат тимот на Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа.

Ристовски: Посебно драг трофеј, нека ова биде почеток на успешна сезона!

Вардар ја освои Струга – и на „отворено“ и во сала (ФОТОГАЛЕРИЈА) .

Лазаревски за 24Ракомет: Се уште не си го знаеме потенцијалот, Вардар ќе расте!

 

Томовски за 24Ракомет: Победи колективот, знаевме што правиме, ова е голем импулс пред Рајн Некар!

 

СТРУГА 2023: Јапонецот Косуке Јасухира е МВП

 

СТРУГА 2023: Вaрдар е нов рекордер – го освои 14. трофеј



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ