Нешто ОСТАВКИ, ово – оно… за 200-те уверенија или такви грешки не прават?

Скандали го тресат македонското тло секој ден. Пукна брука и во високошколска установа во Тетово.

Околу 200 студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во 2011 и 2012 година добиле уверенија за завршени четири години на високо образование иако реално завршиле помалку. Меѓу нив, како што сега излегува на виделина, биле и „дечиња“ на функционери, од кои еден „жари и пали“ во Македонија и секогаш кажува дека е за правда, еднаквост, парламентаризам, ЕУ…

И сега (со многу задоцнување) јавноста дознава дека издавањето на такви 200 уверенија било „техничко-административна грешка“. Барем така деновиве објасни ректорот на ЈИЕ и академик Абдулменаф Беџети откако од државната Антикорупциска комисија соопштија дека добиле информација дека, всушност, предвремени уверенија им биле издадени на дури 449 студенти.

– Тоа е полувистина. Меѓу 2011 и 2012 година, имало такви случаи каде уверенијата се издадени со погрешно наведување на називот односно звање VII-1 . Меѓутоа, од 2012 натаму, се е во ред. Во суштина нема грешка, има техничко административна грешка во нецелиот тој период и не е тој број на дипломи 437, туку е помал од 200. Не се дипломи туку се уверенија, објасни Абдулменаф Беџети.

Добро, било грешка. Ама сега ректорот треба да види кој тогаш правел такви грешки, па нешто оставки, разрешувања на одговорните, ово – оно…? Или таква грешка не прават?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...