Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ утрово алармираа за сериозен проблем со канализацијата во Горно Нерези, каде има излевање.
Како причина за пробивањето на канализацијата тие ја наведуваат, упорното издавање на одобренија за градби во руралните делови, како што е Горно Нерези, каде се уште не се решени инфраструктурните проблеми како водоснабдување и канализација.
Од „Независни за Карпош“ побараа итна реакција од страна на Општината за решавање на овој сериозен проблем.