Ојлески за 24Ракомет: Ќе бидеме екипа против која тешко ќе се освојуваат бодови

Екипата на Охрид во новата сезона ќе атакува на подобар пласман од ланската сезона, односно место меѓу најдобрите четири екипи и излез на европска сцена.

За остварување на зацртаната цел, раководството на Охрид ангажираше дузина нови играчи од Македонија, но и од странство.

Репрезентативецот на Македонија, Гоце Ојлески, е еден од новите лица покрај езерото.

Левото крило во претходните шест сезони играше во Битола и по долгиот претстој во градот на конзулите, одлучи дека му треба нов предизвик во кариерата.

„Како што и напоменавте, променив средина, мислам дека можеби за мене е една позитивна промена. Целите со Охрид се да го издигниме клубот на повисоко ниво и да направиме еден клуб кој секогаш ќе биде на врвот, да се замеша во борбата со поголемите клубови, мислам дека сме на добар пат и ќе успееме да го направиме тоа”, изјави Ојлески за 24Ракомет.

Искусниот ракометар повторно ќе соработува со тренерот Стевче Алушовски

„Со Стевче Алушовски се познаваме одамна, ми беше тренер и соиграч…тренираме добро, сите знаеме дека Стевче е многу амбициозен, голем работник, бара многу од нас, се тренира навистина професионално, засега подготовките се одвиваат одлично, можеби ни треба малку време за да се воиграме, има доста нови ракометари, така што мислам дека ќе бидеме добри”, додаде Ојлески за 24Ракомет.

Ојлески истакнува дека се уште е рано да се зборува за пласманот на Охрид во новата сезона, но посакува неговиот тим да биде на самиот врв.

„Мислам дека имаме добра екипа, составена е одлично, со многу работа и доста дисциплина мислам дека ќе бидеме една квалитетна екипа против која тешко ќе се освојуваат бодови. Се уште е рано да се зборува за пласманот во претстојната сезона, но би сакале да сме што повисоко на табелата, се случуваат промени во текот на сезоната, на почеток сме, можеби е рано да се каже каде би завршиле”, додаде Ојлески за 24Ракомет.

Тој во Охрид пристигна од шампионот Еурофарм Пелистер и е горд на секој настап за битолскиот клуб.

„Во Битола поминав многу време ,задоволен сум од тоа што го постигнав, стигнавме до шампионска титула, си заминав како шампион и горд сум на тоа. Можеби ми беа потребни нови предизвици во кариерата”, заврши Ојлески за 24Ракомет.

Охриѓани ги очекува настапот на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...