Во текот на минатата недела, општинските служби задолжени за одржување на чистотата во Карпош го исчистиле теренот во Злокуќани и Бардовци. Од повеќе локации подигната е значајна количина на шут и ѓубре, при што се расчистени неколку мини депонии.
Од општината информираа и дека при секојдневните активности за чистење биле опфатени и дел од улиците и јавниот простор во овие населени места сè со цел хигиената и чистотата да бидат на задоволително ниво за нашите жители.