Претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска премиерно ќе се изведе на 7 март во Драмскиот театар во Скопје, во 20 часот. Текстот е на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишан во 1995, а
преводот и адаптацијата се на режисерката.
Канадскиот режисер Ксавиер Долан за истоимениот филм во 2016 освои Гран при на Канскиот филмски фестивал.
Во претставата играат Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ. Сценографијата и костимите се на Надја Василева-Ковачовска од Бугарија. Музиката e на Енес Беговски.