Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Во општина Центар, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“.
Во општина Карпош, пак, од 09:00 до 14:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“, во делот во близина на хотел „Гранит“.