Слушнете ги „Звуците на Новата година“ – новогодишниот анимиран цртан филм од „Светот на Биби“


Детската фантазија и искреност се непроценливи и токму поради истото се одлични судии, точно знаат што им се допаѓа, а што не. Кога нешто е добро, веднаш препознаваат и со уживање се препуштаат кон нови авантури. „Светот на Биби“ е дел од светот на секое детенце и веќе неколку години по ред на забавен начин преку едукација и интерактивност ги води низ целиот универзум на Биби и Боби,

Децата се секогаш подготвени за нова „Светот на Биби“ авантура. Оваа зимска сезона, ќе имаат можност да уживаат во новиот анимиран цртан филм „Звуците на Новата година“, а премиерата ќе се прикажува утревечер, 21.12.2023.

Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.

Режисери на филмот се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а за музиката се погрижи Ангел Ќкосев.

Филмот ќе се прикажува во кино салите Синеплекс и Милениум, но исто така „Звуците на Новата година“ ќе патуваат низ цела Македонија и тоа, – „3Д Кино“ Битола (21, 22, 25 и 27.12.2023), „Мис Стон“ Прилеп (22.12.2023), „Дом на култура Гевгелија“ (23.12.2023), „Дом на култура Свети Николе“ (21, 22 и 25.12.2023), „Дом на култура Пробиштип“ (26.11.2023), „НУЦК“ Кичево (21.12.2023), „Дом на култура Бограднци“ (25.12.2023), „Киноверзум Штип“ (21.12.2023), „Киноверзум Велес“ (21.12.2023), „Дом на култура Охрид“ (29.12.2023), „Дом на култура Крушево“ (21.12.2023), „Дом на култура Демир Хисар“ (21.12.2023), „Кино Манаки“ Битола (22, 23 и 24.12.2023) и „Киноверзум Свети Николе“ (21.12.2023).

Исто така, за претстојните викенди (23.12, 24.12, 30.12 и 31.12.2023) со почеток од 12:00-16:00 часот пред кино салата Синеплекс, тимот на „Светот на Биби“ подготви бесплатни IQUP работилници со детски друштвени игри, научни експерименти и уште многу други изненадувања.

Навреме обезбедете го Вашиот билет и премиерно уживајте во „Звуците на Новата година“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...