Собраниското разрешување на министрите трае подолго од нивниот мандат

Реконструкцијата на владата беше најавена од страна на ДУИ и СДСМ како почеток на нови успеси во работењето. Ама, ако се погледне како тече реконструкцијата во Собранието…

Нови дискусии, реплики, контра-реплики, паузи, со неизвесност кога ќе заврши седницата… Опозицијата дискутира и каде треба и каде не треба, мнозинството го нема во салата.. Ова денеска пак може да се очекува во македонскиот парламент кој никако да ја заврши расправата по предлогот за реконструкција  на Владата. На ред денеска е предлогот за разрешување на министерот за дијаспора Џемаил Чупи откако до синоќа завршија расправите околу разрешувањата на досегашните министри за здравство и за информатичко општество Беким Сали и Адмирим Алити. За дискусија се пријавени вкупно 39 пратеници…

И тоа не е се. Потоа следи гласањето, кога на ред ќе дојде изборот на нови четворица министри, на петмина заменици-министри… 

Тоа значи дека во одредени ресори со ќе има нефункционалност. Застојот во Министерството за правда трае веќе повеќе од десетина дена откако таму министерот Никола Тупанчевски на 10-ти февруари поднесе неотповиклива оставка. Таму се чека и на избор на новиот заменик-министер. 

Зошто ДУИ и СДСМ не направија подобар план за реконструкцијата? Или тие само пресметуваа колку нови пратеници ќе имаат во парламентарното мнозинство, но и тука утнаа?

Сега се навестува дека ќе се донесе одлука Собранието да работи и по 18 часот, а можно е и да биде во постојано заседание – цели 24 часа. Претседателот на парламентот мораше порано да процени што треба да се направи.  

Нема друг одговор зошто е ваквата лежерност и неорганизираност, освен дека во Македонија е сеедно дали има комплетна Влада или не. Работите подеднакво ќе стојат во место и во двете ситуации.

Или пак власта може сака да биде единствена во светот каде – собраниското разрешување на министрите трае подолго од нивниот мандат?

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...