Спектакл во Струмица – Пелистерци по трет трофеј во серија, вардарци по прекин на постот

Денес во Струмица, поточно во спортската сала „Парк“ со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи 6-то издание на Супер Купот на Македонија. За трофејот во Супер Купот ќе борат вечните ривали, тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар, кои на струмичани ќе им понудат квалитетен ракомет за уживање.

И двата тимови во ланската сезона беа освојувачи на пехари. Еурофарм Пелистер стана нов македонски шампион, додека Вардар го одбрани Куп трофејот. Првото издание на Супер Купот во Македонија се одржа во 2017 година. Тогаш домаќин беше СЦ „Јане Сандански“ и во битката за трофејот Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 30:25.

Двократниот европски шампион го освојуваше Супер Купот и во 2018 и 2019 година, додека во 2020 година поради ковид пандемијата не се играше овој натпревар.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во последните две сезони е победник во Супер Купот и денес се надева на трет трофеј во ова натпреварување.

Денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, додека контролор ќе биде Драган Начевски.

Супер Куп на Македонија, историја:

2017 година Вардар – Еурофарм Пелистер 30-25 (СЦ Јане Сандански)
2018 година Вардар – Металург 33-24 (Игралиште Горан Попоски Бабец)
2019 година Вардар – Металург 26-24 (Спортска сала Куманово)
2021 година Еурофарм Пелистер – Вардар 31-22 (СЦ Борис Трајковски)
2022 година Еурофарм Пелистер – Вардар 22-21 (Билјанини Извори)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...