Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес одлучи дуелот од Супер Купот на Македонија меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар да се игра во Струмица.
Домаќин на македонскиот шампион и двократниот европски првак ќе биде спортската сала „Парк“, која се очекува да биде претесна за сите ракометни љубители.
Македонската ракометна куќа извести дека терминот за големиот настан е 6 септември, со почеток од 18:00 часот.