Светското првенство за кадетки ќе се игра во Кина

Извршниот Комитет на Светската ракометна федерација донесе одлука за местото на одржување на следниот Мундијал за кадетки.

Во 2024 најдобрите 32 селекции во женска кадетска конкуренција ќе играат на СП на Азискиот континент, во Кина. Тоа ќе биде 10. издание на кадетскиот Мундијал, а трофејот од СП во Македонија ќе го брани селекцијата на Јужна Кореја.

Кадетската репрезентација на Македонија заврши на последното место на ЕП за кадетки, од кое првите 12 обезбедија директен пласман на СП.

Од Азија покрај домаќинот, ќе играат уште четири селекции, двата победника на ЕХФ шампионатите, а допрва треба да се одиграат континенталните шампионати во Африка, Северна Америка и Кариби, како и Средна и Јужна Америка.

Со оглед на тоа што ќе има уште најмалку осум слободни места, Македонија би можела да добие покана, односно вајлд-карта за учество.

Ова е третпат во историјата, домаќинот на ова натпреварување да не биде од Европа. Таков беше случајот во 2006 година во Канада и во 2010 година во Доминиканска Република.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...