Три најверни раси на кучиња

Повеќето луѓи бараат нивниот миленик да биде верен и лојален до крај, а три раси ги имаат токму тие карактеристики. Верноста на кучињата нема никаква врска со нивната големина, па меѓу оние најверните не е чудо што има и една раса со мал раст.

Доберман

Кога доберманот е со добро педигре и правилно дресиран, тој е вистински пријател и чувар. Овие интелигентни кучиња лесно се дресираат и затоа често се дел од војничките и полициските единици. Тие ги сакаат своите сопственици, особено оние што им овозможуваат разни активности и авантури во природа. Нивната лојалност кон луѓето не се сведува само на нивниот сопственик, како што ги бие глас, туку тие општо сакаат луѓе и затоа и низ историјата биле омилена раса на кучиња.

Германски овчар

Светското здружение на одгледувачи на герамнски овчари ги нарекува „раса која прави љубителите на кучиња просто да ги обожаваат“. Имаат стекнато репутација за исклучително интелигентни со благороден темперамент. Секоја задача совршено ја извршуваат, без разлика дали се работи за полициска работа или како кучиња водачи, членови на планинска спасувачка служба или дури и натпреварувачи во спортски игри за кучиња. Тие се навистина верни пријатели. Сепак, им треба време за да засакаат некого, а кога еднаш ќе засакаат некоја личност стануваат екстремно лојални.

Чивава

Скоро сите знаат дека чивавите се мали кучиња со голем карактер, но ова интелигентно кученце е и лојален пријател. Со оглед на тоа што се полни со желба за задоволување на сопственикот, не им е потребен посебен тренинг. Важат за најмала раса, некои од нив се тешки и помалку од 2 килограма. Можат многу да се разликуваат по темпераментот, но сите примероци од оваа раса се целосно посветени на луѓето, кои ги сакаат и го бараат целото внимание што можат да го добијат. Некои чивави имаат стекнато репутација како диви и злобни кон непознати, но тоа веројатно е последица на големата лојалност кон своите сопственици. Чивавите треба да се подучат да бидат поумерени со лаењето. Им треба умерено, а не строго дресирање, но да биде редовно.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...