Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Училиште во Турција ќе се вика „Македонија“ во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот | KOLUMNI.mk

Училиште во Турција ќе се вика „Македонија“ во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

Во турскиот град Малатија, кој беше еден од погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција во февруари годинава, ќе биде изградено училиште кое ќе го носи името на нашата држава, а училниците, 32 на број, ќе бидат именувани по македонските градови, информираат од Црвениот крст на Македонија.

Училиштето ќе биде изградено со поголемиот дел од средствата кои македонските граѓани ги донираа во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население во Турција и Сирија.

„Во акцијата се собрани вкупно 63 380 807 денари. Од нив, 12 427 334 денари се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија“, соопштија од Црвениот крст на  Македонија.

Останатите 50 909 796 денари, пак, по договор на Црвениот крст на земјава и турската Црвена полумесечина, одлучено е да бидат наменети за изградбата на училиштето во турска Малатија.

„Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција. За текот на градбата на училиштето и инвестицијата, граѓаните и пошироката јавност, повремено ќе може се информираат на интернет страната на Црвениот крст“, велат од организацијата.

Турција и Сирија на 6 февруари годинава беа погодени од катастрофален земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе, а илјадници други беа повредени и оставени без покрив над главата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ