Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование | KOLUMNI.mk

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири.

Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова на сите степени на формалното образование, но и на неформалното, а образовниот систем ќе биде синхронизиран со потребите на пазарот на трудот, за да не мора младите да бараат работен ангажман надвор од границите на татковината.

„Немаме намера да импровизираме во образованието. Имаме првичен и добар план за промени кои се креирани врз база на темелна анализа на моменталните состојби, во консултации со стручни лица и пошироката популација. Така што, од сите чинители на воспитно – образовниот систем очекувам поддршка за процесите кои предвидуваат крупни промени. Секако, во меѓувреме секоја сугестија ќе биде добредојдена“, рече Јаневска.

Таа се заблагодари на довербата дадена од мандатарот на Владата да раководи со ресорот, од кој како што рече, најмногу зависи иднината на државата и нагласи дека секоја конструктивна идеја додека е таа министерка, ќе се разгледа со должно внимание, независно од каде истата доаѓа.

„Сите сме согласни дека промените се неопходни и важно е единството и енергијата да ги одржиме на високо ниво во периодот што следи, затоа што нè чека многу работа. Младите мора да ги задржиме тука, каде што и припаѓаат, а квалитетното образование и можностите за искористување на личниот потенцијал во својата земја, се најголем мотив за тоа. Во никој случај нема да бидат заборавени ниту научните работници, затоа што, науката како што доликува, мора да биде клучен столб на кој ќе се потпира нашиот национален просперитет“, додаде новата министерка.

Потенцираше дека особено внимание ќе се посвети на инклузивното образование, со цел, како што рече, да го развиеме и унапредиме во најдобар интерес на учениците со попреченост, во соработка со нив и нивните родители. Весна Јаневска е родена на 27.6.1958 година во Скопје. Таа е доктор на медицина, специјалист по патологија и доктор на науки. Од 2011 година е редовен професор на Иститутот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде и го стекнува своето академско образование.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ