Викторија Бекам подготвена да се обедини со „Спајс грлс“

Викторија Бекам ги разочара Спајс грлс со тоа што реши да не се појави на концертот во Гластонбери планиран за следната година по повод 30-годишнината на бендот, а „спајсиците“ требаше да бидат главни ѕвезди на музичкиот фестивал.

The Sun објави дека сите пет девојки повторно ќе се соберат на годишнината, но извор близок до 49-годишната Викторија во неделата изјави дека славната Posh Spice сака да се концентрира на својот бизнис и нејзиниот моден бренд, и поради тоа нема да се приклучи на турнејата на бендот и покрај постојаните барања.

Сепак, таа не исклучи друга можност за „славенички настап“, но тоа не значи дека и таа ќе пее. Како што е познато, таа треба да учествува во документарен филм кој ќе ја раскажува приказната за подемот на бендот и ќе содржи интервјуа и досега невиден материјал од нивните лични архиви. Филмот ќе го режира Џеј Џеј Абрамс, режисерот на „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“, а за правата веќе се борат Нетфликс и Епл ТВ.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ