Власта три години не може да испечати учебници, нешто што е законски предвидено и што со години порано го имало

Оваа власт на ДУИ и СДС потрошија тешки милијарди евра народни пари, а уште ги немаат испечатено учебниците за учениците. Тоа е свесно уништување на образованието и генерации на деца во Македонија. За ова мора да има кривична одговорност. Ги нема ниту најавуваните дигитални учебници, туку има само ПДФ материјали, кои родителите од свој џеб треба да ги печатат, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Се доведовме во ситуација кога сите земји работат на унапредување на наставата, ние да не можеме да обезбедиме учебници, нешто што е основно, што го имало со децении и што законски ги следи учениците. Наместо да напредуваме, ние со оваа власт назадуваме. Срамно и бедно.

Министерот за образование и наука, Јетон Шакири уште без срам вели дека тој и неговото министерство не биле одгвоорни за тоа што учениците немаат учебници. Според официјални податоци на државни институции, дури една третина од учебниците не се отпечатени.  Па кој е виновен наставниците? Учениците? Родителите? Виновни и одговорни се тој и неговото министерство, но и епски неспособниот премиер Ковачевски, кој очигледно нема ни зрно храброст да му побара оставка или пак да го разреши. Ковачевски молчи и бега, а кога некој ќе го соочи со оваа тема, тогаш лаже, суши и обвинува други.

Ковачевски и неговата влада се директно повикани за оваа катастрофа во образованието и за сето ова ќе бидат казнети од народот“, велат од партијата.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...