Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...