„500“ на Вардар…., зборот „фаворит“ не постои во ПМФЛ! – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 26. КОЛО

Дека не постојат фаворити во Првата фудбалска лига на Македонија и дека секој може да победи секого покажа и ова 26. коло. Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до својата 500. победа во елитата и тоа против актуелниот шампион Струга ТЛ кој го победи со минимални 1-0, но триумфот можеше да биде многу поубедлив. Фенерџијата Брегалница исто така славеше на домашен терен со 1-0 и тоа со вториот фаворит за титулата Шкупи. И третиот фаворит Шкендија, не помина добро откако ремизираше 1-1 на гостувањето кај Македонија ЃП. Тиквеш ја прегази АП Брера 3-1, додека Силекс и Гостивар одиграа без голови 0-0. Работнички беше неверојатно оштетен на гостувањето кај Воска (1-1) откако на клубот од Дебар маало не му беше досуден чист гол.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Пепи Ѓорѓиев (Брегалница) 

Фудбалерите на штипска Брегалница стигнаа до голем триумф во борбата за опстанок откако во првиот меч на клупата на Трајче Сенев славеа против Шкупи со минимални 1-0. Херој на штипјани беше Пепи Ѓорѓиев кој и повеќе од заслужено го доби епитетот играч на колото во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михајлов (Вардар)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до својата 500. победа во елитата и тоа против актуелниот шампион Струга ТЛ кој го победи со минимални 1-0, но триумфот можеше да биде многу поубедлив. Вардар го одигра веројатно најдобриот меч во последните години и сето тоа по заслуга на стратего Горазд Михајлов.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Пепи Ѓорѓиев (Брегалница) 

Фудбалерите на штипска Брегалница стигнаа до голем триумф во борбата за опстанок откакославеа против Шкупи со минимални 1-0. Херој на штипјани беше Пепи Ѓорѓиев кој поради тежината на постигнатиот гол заслужено да го добие и епитетот гол на рундата во ПМФЛ.



ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: СУДИИТЕ ПОЧНАА ДА НЕ ГЛЕДААТ ГОЛОВИ ВО ПМФЛ!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бикоски: Против Куманово очекувам три бода – ќе играме гордо како и досега!

Екипата на Прилеп денеска пред својата публика ќе...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Прилеп домаќин на Куманово, дерби дуел и кај прволигашите

На денешната програма во Македонија ќе има три...

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...