6-ти Март: Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот

м-р Нермин Теловска

6ти Март се слави како Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот со цел зголемување на свеста за логопедската професија и јавната свест за нарушувањата на вербалната комуникација како и нивното влијание врз човековото здравје. Пораката на овој ден е дека преку размената на знаењата и искуствата низ цела Европа може полесно да се дојде до спречувањето на овој вид нарушувања или подобра превенција од нивните можни компликации. Секоја година се предлага една тема и често се користи заеднички слоган и заеднички материјали.

Фокусот оваа година е насочен на работата на логопедот во одделенијата за интензивна нега каде најчесто се работи за нарушувањето на голтањето (Dysphagia), за која на јавноста ќе ѝ се овозможат многу информаци преку најразлични активности и форми, како што се:

• Инсталирање на телефонска линија, така што луѓето можат да се јавуваат и да поставуваат прашања;
• Проекции на видео, филмови, телевизиски емисии за учениците во училиштата, градинките, болниците или за ординации;
• Дистрибуција на флаери и постери во училиштата, градинките, болниците и во други установи;
• Вклучување на медиумска кампања, со написи во списанија, весници, телевизија и радио, фокусирајќи се на интервјуа со пациенти, како и со професионалци;
• Организирање прес-конференции;
• Интервјуа, да се добие увид за тоа колку се луѓето упатени во логопедската професија, како и во третманот на нарушувањата на говорот и јазикот.
• Организирање симпозиуми;
• Организирање јавни трибини;
• Средба со членовите на владини органи итн.

Дисфагија (dysphagia) претставува медицински термин за потешкотиите со голтањето. Некои луѓе со дисфагија имаат проблем со голтањето на одреден тип храна или течности, додека други не можаат воопшто да голтаат. Освен проблемот со голтањето како симптоми се јавуваат:

– Кашлање и задушување при јадење или пиење;
– Враќање на храната назад, понекогаш преку нос;
– Сензација на заглавена храна во грлото или градите;
– Перзистентно излевање на плунката или саливација.

Со текот на времето, дисфагијата, исто така може да предизвика компликации како што се: недоволна исхранетост и губење на тежината; дехидратација; чести инфекции на белите дробови заради аспирација на храна или секрет; и негативно влијание врз менталното здравје.

Што може да доведе до појава на дисфагијата?

Причини за појава на дисфагијата најчесто се други здравствени состојби, како што се:

– Состојби кои го афектираат нервниот систем, како мозочниот удар, повреда на мозокот, прогресивни нарушувања, како што е деменцијата;
– Малигнитети, како што е канцерот на уста или езофагеалниот канцер;
– Гастро-езофагеалниот рефлукс, при што стомачната киселина се враќа назад во езофагусот;
– Во детската возраст, дисфагијата може да се јави како последица на развојни и вродени нарушувања.

Лекување на дисфагијата

Третманот на дисфагијата е соодветен на нејзината причина и видот, но, тој најчесто вклучува:

– Говорна и јазична терапија, со учење на нови техники за голтање;
– Промена на конзистенцијата на храната и течностите, што ќе ги направи по безбедни за голтање;
– Алтернативни форми на исхрана, или исхрана преку носна или стомачна туба;
– Хируршка интервенција за проширување на стеснувањето на хранопроводот со негово растегнување или со вметнување пластична или метална туба позната како стент.

(Авторката е претседателка на Одборот на логопеди при Сојузот на дефектолози на Република Македонија)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...