ЕУ сака ли навистина проширување со нови членки?

Преку две децении од Брисел е фрлена јадицата во Македонија со цел населението да биде „уловено“ и однесено на патот кон ЕУ. Унијата и не мораше да не лови, со својата приказна ни стана привлечна и самите неуловени тргнавме по патот за кој кон рајот. Ама, патот многу долг испадна, со многу сопки и уценувања и тоа баш од оние кои мислевме дека не посакуваат во друштвото. Впрочем евробирократите со години ни велат дека не посакуваат во нивната унија.

Најново уценување е: Да се направат уставни промени со цел Бугарите да се внесат во Уставот, да се постигне консензус…

Со ова би требало да продолжат преговорите за членство во ЕУ, да почнат да се отвораат поглавјата. Па по уште долги патувања по патот до рајот ќе сме можеле да ја фатиме кваката од влезната врата на ЕУ.

Но, дали во ЕУ се уште постои и реално расположение да ја отклучи бравата? Сакаат ли во Брисел навистина проширување или засега само се кажува тоа како пароли? Всушност може ли ЕУ да расте со нови членки или се истроши таа енергија и желба?

Прашањата делуваат пренагласени и песимистични?

Но, на ова требна да си одговориме самите ние во Македонија, оти нели почнува внатремакедонскиот дијалог за промена на Уставот. На ова прашање треба да бараме одговор и во Брисел.

Македонските владини претставници веќе ја зацртаа 2030-та година како година во која нашата земја би можела да стане и полноправна членка на европското семејство.

Но, дали и така мислат европските челници. На самитот на ЕУ и шестте земји од Западен Балкан што во октомври 2021 година се одржа во Словенија европските лидери не сакаа да се врзат за 2030 – та година како рок во кој овие земји би требале да бидат примени во ЕУ. Се потврди само европската перспектива на регионот, се поздрави посветеноста на земјите на европската перспектива и толку… И на минатогодишниот самит ЕУ – ЗБ во Тирана не се определи датум туку се донесе Декларација во која се даде „едногласна поддршка на европската перспектива на Западен Балкан“ но, пак, без контерни датуми за членство.

Во меѓувреме, од посета, еврофункционерите Урсула фон дер Лајен, Жозеп Борел, Оливер Вархеји… даваат изјави како „многу сакаат да ги видат земјите од Западен Балкан во ЕУ“. Но, ништо конкретно. Со таа разлика што на список на земји кандидати за членство се надодадени и Украина и Молдавија, а во перспектива и Грузија…

И така… Во нашата земја доверба на македонските граѓани во ЕУ е на рекордно ниско ниво. Ќе паѓа ли довербата или ќе расте, зависи и од Брисел и од македонските власти. Јавноста смета дека Брисел мора да покаже дека ЕУ е кредибилна организација која стои позади своите ветувања, а македонската власт треба да бара поголеми гаранции и заштита на македонскит интерес, а не само слепо да исполнува барања од евробирократи.

Дури потоа расправата за Уставот ќе биде многу поконкретна и покорисна.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...