Средба Николоски – Агелер: Приоритет ќе бидат капиталните проекти и регионалното поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на која разговарале за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и на Министерството за транспорт.

Како што соопштија од Министерството, Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изразил уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач. На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија. Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката, се наведува во соопштението.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Длабоката држава овој пат е во голема неволја ако Трамп биде избран и тие тоа го знаат! – Denesen.mk

Роберт МАЛОУН (авторот е имунолог, вирусолог, еден од најголемите светски...

Борко Ристовски: „Расадник“ ќе прерасне во модерен спортски комплекс

Руинираниот „Расадник“ ќе се преименува и ќе прерасне во...

Kanye West and Russia’s Dark Twisted Fantasy

In the (admittedly not for everyone) good old Soviet...

Нова терапија за лекување на депресија

Тим предводен од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално...